(Видео) Ова е „Гербер“: Новиот руски мултифункционален дрон, а може да носи и боева глава!
Русите започнаа со сериско производството на новото беспилотното летало „Гербер“, чиј труп е направен од стиропор, односно специјална пена, а истиот ќе може да носи и боева глава полна со смртоносен експлозив и до 100 километри. Според информациите објавени на социјалните мрежи, ова беспилотно летало ќе биде произведувано во три варијанти и тоа како камиказа, како летало за електронско попречување или како мамка за други дронови.
Аналитичарите кои се занимаваат со воена опрема, нагласуваат дека убиствената моќ на „Гербер“ најмногу ќе зависи од вештината на операторот. Инаку, дронот ќе се управува преку телевизиски канал, а истиот ќе може да носи и боева глава до далечина не поголема од 100 километри.
Она што е забележително во коментарите на социјалните мрежи е тоа што овој руски дрон е еден од најевтините беспилотни летала кои во моментов се користат во светот за напаѓање на воени цели на фронтовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…