Објавено на:

(Видео) Ова е „Гербер“: Новиот руски мултифункционален дрон, а може да носи и боева глава!

t

Русите започнаа со сериско производството на новото беспилотното летало „Гербер“, чиј труп е направен од стиропор, односно специјална пена, а истиот ќе може да носи и боева глава полна со смртоносен експлозив и до 100 километри. Според информациите објавени на социјалните мрежи, ова беспилотно летало ќе биде произведувано во три варијанти и тоа како камиказа, како летало за електронско попречување или како мамка за други дронови.

Аналитичарите кои се занимаваат со воена опрема, нагласуваат дека убиствената моќ на „Гербер“ најмногу ќе зависи од вештината на операторот. Инаку, дронот ќе се управува преку телевизиски канал, а истиот ќе може да носи и боева глава до далечина не поголема од 100 километри.

Она што е забележително во коментарите на социјалните мрежи е тоа што овој руски дрон е еден од најевтините беспилотни летала кои во моментов се користат во светот за напаѓање на воени цели на фронтовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…