(Видео) Опасен пожар во кочанско: Гори висока трска и многу автомобилски гуми
Регионалниот центар за управување со кризи од Штип, известува за пожар на отворено на територијата на Кочани.
– Во моментов има пожар на отворено покрај магистралниот пат Кочани -Виница, каде што гори стрниште, запалена трска и големо количество фрлени стари автомобилски гуми, поради што се гледа густ чад. Пожарот е на просторот локациски наспроти фабриката за хартија, каде што на лице место е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Конкретно, од запаленото стрниште се запалила високата трска во којашто имало фрлено големо количество стари автомобилски гуми.
Пожарот е пријавен во 14,20. За гаснење на пожарот и спречување на негово проширување брзо и ефикасно интервенирале пожарникарите од ТППЕ Кочани (3 ПП возила со 8 пожарникари и неколку доброволци), а додека траела акцијата за гасење на пожарот сообраќајот на тој патен правец бил во прекин. Ситуацијата се следи од страна на ЦУК и пожарникарите коишто се на терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…