(Видео) Општина Карпош најави дека ќе го напушти ЗЕЛС – Јакимовски тврди дека министри се однесуваат како одврзани кучиња

t

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски најави дека локалната власт под негово раководство ќе ја напушти организацијата ЗЕЛС. Се пожали дека „она што го прават министрите од Владата на премиерот Христијан Мицкоски е однесување како на одврзани кучиња“. Како пример го посочи односот со неговиот колега од Струмица, Костадин Костадинов.

-Има ли позаинтересиран од градоначалникот во неговата општина да има чиста вода за пиење? Кој е овој однос на министерот за земјоделство? Наместо да му помогне на градоначалникот, гледајте што прави…Еве зошто претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата владеачка партија? За да ги штити интересите на локалната самоуправа. Тука нема висока политика. Со ова треба да ги запознаеме сите амбасади и како функционира оваа власт. Мене ме повика колегата Орце Ѓеорѓиевски да се сретнеме и да, сакам да се сретнеме. Малку доцни со желбата, но треба да се сретнеме, кажа Јакимовски на прес-конференција.

-Или ќе го корегираат својот однос или нема зошто да бидеме дел од тие институции. Се уште опстојуваат на тоа да не се усвојуваат програми. Не добиваме од тоа ако се караме. Владата мора да го промени односот кон општините кои се опозициски и кои се околу дваесетина, додаде градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Општина Карпош најави дека ќе го…

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски најави…

Лукашенко: Подготвен сум да користам нуклеарно оружје

Белорускиот претседател Александар Лукашенко даде интервју за…

Фон Дер Лајен го сруши сонот за…

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер…

МОРАМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ЛИБАНЦИТЕ ШТО…

Франција ќе обезбеди пакет помош од 100…

(Видео) ФОТОГРАФ УЛОВИ СТРАШНА СЦЕНА; Најмоќната бомба…

Камерата на фотографот на Асошиејтед прес, додека…