Лукашенко: Подготвен сум да користам нуклеарно оружје
Белорускиот претседател Александар Лукашенко даде интервју за Би-Би-Си на самитот на БРИКС во Казан. Интервјуто го водеше Стив Розенберг, уредник на Би-би-си за Русија, кој во текстот посочува дека малку светски лидери биле на власт веќе 30 години, како Лукашенко. Тој потсетува дека белорускиот претседател беше обвинет за изборна кражба, задушување на опозицијата и кршење на демократијата, а ЕУ и САД не го признаваат за легитимен лидер.
Розенберг забележува дека Лукашенко има уште еден квалитет што го издвојува – како некој кој соработувал редовно со рускиот претседател Владимир Путин долги години, тој веројатно го познава подобро од кој било друг светски лидер.
На прашањето дали мисли дека Путин е подготвен да користи тактичко нуклеарно оружје стационирано во Белорусија, Лукашенко одговори дека без негова согласност тоа оружје нема да се користи.
„Путин никогаш нема да користи нуклеарно оружје во Белорусија без согласност на белорускиот претседател“, рече Лукашенко, мислејќи на себе во трето лице. На прашањето дали е подготвен да употреби нуклеарно оружје, тој одговори:
„Јас сум целосно подготвен. Зошто инаку би го имале тоа оружје? Но само ако странска воена чизма стапне на тлото на Белорусија. Немаме планови да нападнеме некого“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…