(Видео) Петревски: Коалицијата ДПМНЕ-СДСМ се обидува да предизвика хаос во јавниот градски превоз!

t

Непринципиелната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Советот на Град Скопје денеска свесно се обиде да предизвика хаос во јавниот градски превоз, вели на вонредна прес-конференција директорот на ЈСП, Крсте Петревски.

– Со жалење можам да соопштам дека непринципиелната коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ денеска уште еднаш покажа дека работи исклучиво во корист на личните и партиските интереси и на птета на граѓаните.

На денешната седница на Советот на Град Скопје, за ребаланс на градскиот буџет, претставниците на овие две политички партии свесно решија да се обидат да предизвикаат хаос во јавниот градски сообраќај. Имено, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денес со амандман заеднички не ги изгласаа предвидените средства за сервисирање на редовните потреби на ЈСП, со што свесно се обидуваат да предизвикаат застој во јавниот сообраќакај. Сѐ уште очекуваме Владата на СДСМ да ги подмири своите финансиски обврски кон ЈСП, за бесплатен превоз на студентите, со што намерно и смислено оваа непринципиелна коалиција работи на предизвикување на проблеми за граѓаните, онаму кадешто ги нема.

Штетата ќе ја трпиме сите ние, граѓаните на Градот Скопје.

Јас како директор на ЈСП нема да дозволам оваа непринципиелна колалиција да предизвика застој на јвниот превоз и да ги остави чесните вработени во ЈСП без плата, но граѓаните мораат да знаат кој работи во нивна корист, а на штета на скопјани, нагласи директорот Петревски.

На прашање на Инфомакс колку Владата му должи на Јавното сообраќајно претпријатие, директорот вели дека Владата должи 360 милиони денари.

– Државата преку МОН нема исплатено средства за 2021, 2022 и 2023 година во вкупен износ од 360 милиони денари кои ние секоја година ги предвидуваме во буџетот на ЈСП, но за жал сѐ уште ги немаме добиено, вели Петревски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП

Автобус се запали во скопската населба Бутел…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…