(Видео) Петровски за Мицкоски: Никој не го знаеше пред да стане ген-сек, во Валандово е направена лоботомија на партијата!

t

Првите кучиња, мачиња ги фрлаат во вода, Исус рече јас сум син Божји ама не му поверуваа и го распнаа на крст, вели во денешната епизода на Тешки муабети нашиот нов ко-водител Д-р. Филип Петровски за неговите предвидувања дека изборот на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предизвика штета на партијата но и на државата.

– Идејата е тоа, јас тоа што го гледав за жал многумина не го гледаа, го гледав затоа што имав претходни информации, гледав во време на конгресот и затоа што имав некоја серија од десетина-петнаесет средби со Фруевски во 20156-2017, работев еден сериозен проект кој наметнуваше почесто да се гледаме.

На последниот разговор тој точно ова што се случи во Македонија ми го отслика, јас се надоврзував на тоа што го кажа дека изборот во Валндово не е соодветен, Конгресот не елегитимен, се беше фарса, сцена, луѓето беа таму декорација да се сликаат. Ги однесоа Пандов, Даштевски како ликови во одела за да обезбедат побезболна транзиција.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш не најде сила да направи демократски конгрес и како партија немаме историја на демократски конгреси и убиството на Протогеров е заради кавгата со Ванчо Михајлов.

Ние си ја земавме целата историска линија и континуитет на Конгреси и изгледа си го земавме и начинот на правење на конгреси и бирање на погрешни личности.

Човекот никој не го знаеше пред да стане ген-сек, а очигледно и самото промовирање билло подготовка да го запознаат со членството за да подоцна го пласираат. Местењето на Конгресот предизвика катастрофални последици за Македонија, овозможи пасивна партија,, промена на име, Устав, купување пратеници и работи кои сега се влечат и продлабочуваат, вели Петровски.

На констатацијата на Милошевски дека случајно сите ко-водители на Тешки муабети се дел од досието Алтантик како членови на Бојкотирам, Петровски вели:

– Зошто се оформило историски ВМРО? Не беше време ни за Илинденското востание па го дигнаа и изгинаа, востанието во овој контекст е темелник на нашата држава. Крвта што е дадена од тие луѓе кои можеле да кажат не е време да почекаме да се распадне Отоманската Империја па ќе дигнеме востание, кога се работи за интересите на Макеоднците нема простор за компромис. Нашата борба од 2018 како Бојкотирам, јас разговарав и со Крсто Мукоски, зад него стоеја полицајци со автомати кои беа спремни да пукаат.

Ние успеавме да оставиме трага, една од трагите се тие 1600 страни досие наречено Атлантик, вели Петровски .

Буквално е правено лоботомија на партијата во Валандово преку инсталирање на човек кој не е вмровец, сите странски фактори знаеја дека ВМРО-ДПМНЕ има набој на енергија од 300-400 илјади луѓе. Тие мораа да направат телото да остане, главата да ја нема затоа што знаеја дека ќе следува и Преспански договор и се останато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…