(Видео) Петровски: Мицкоски е соработник на власта – Се’ било симфонија, им биле поделени ноти на сите
Се потпишав на иницијативата не затоа што го сакам Мијалков, не затоа што тој мене ме сака туку дека ВМРО треба да добие демократски избран лидер, вели Филип Петровски како одговор на прашањето дали беше дел од таканаречената Мериот коалиција.
– Не мене, туку лидер со програма, демократки избран и секој член да има право на глас, треба да се избере.
Јас сум прв потпишан на иницијативата за вонреден конгрес, после тоа имаше неколку состаноци.
Истите луѓе кои го поставија Мицкоски на барање на Мијалков бевме таму, имаше делегати кои не се членови на партијата, а биле ставени списоци кои се функционери, тој елитистички го собра лицето на Владата за во партијата.
Нека ги објават тие што ги имаат списоците, да видиме кој потпишал, а дел од тие луѓе пак члукнаа на врата и се упикаа кај Мицкоски, вели Петровски кој додава дека сегашни функционери биле дел од таа коалиција.
– Ивица беше ороводец, Софијанова доаѓаше на тие иницијативи, Тодоров не доаѓаѓе ама го праќаше Сашо Лазаревски, вели Петровски.
– Ова е се една симфонија, им биле поделени ноти, проектот си тече совршено, сите повремени испади биле дел од сценариото, вели Петровски како коментар на прашањето дали Мицкоски е всушност најголемиот соработник на власта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…