Објавено на:

(Видео) Повторно проблеми со Боинг: Се запали моторот при полетување

t

Авион на „Делта ерлајнс“ беше принуден да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако еден од неговите мотори се запали при полетувањето.

На интернет се појави и видео на кое се гледа авион „Боинг 767-400“ како излегува оган од левиот мотор за време на полетувањето. Авионот, кој летал за Атланта, потоа направил круг и безбедно слетал на пистата.

„Летот 446 на Делта се врати на аеродромот кратко по полетувањето по индикација за проблем со левиот мотор на авионот“, изјави портпарол на авиокомпанијата за Би-Би-Си.

Јутјуб каналот LA Flights го снимил целиот инцидент, објави Би-Би-Си.

Пред еден месец, Боинг 787 се урна во Индија по полетувањето, а компанијата продолжува да се бори со јавната перцепција откако два нови авиони Боинг 737 се урнаа пред неколку години, а минатата година, врата од истиот тип авиони падна за време на летот поради лоша фабричка инсталација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Повторно проблеми со Боинг: Се запали…

Авион на „Делта ерлајнс“ беше принуден да…

(Видео)Вечерва се евакуираат лица во делови од…

Денеска (20.07.2025) полициски хелиокптер од типот Бел-412…

Вучиќ најави: Ќе нема граѓанска војна –…

Српскиот претседател Александар Вучиќ остро реагираше на…

Имаме со што да се гордееме: Злато…

Македонските средношколци постигнаа одличен успех на 66.…

Пронајдено безживотно тело пред хотел „Инекс“ и…

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска…