(Видео) Поддршка за премиерот: Мицкоски ја обвини Агелер дека се меша во внатрешните работи на Македонија!

t

Ден откако евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Анџела Агелер кажаа дека распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители е мешање во судската власт, премиерот Христијан Мицкоски без ракавици ги обвини дека го прават истото и се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија.

На настан во Гевгелија од премиерот Христијан Мицкоски беше побаран коментар за ставот на амбасадорите Гир и Анџела Агелер дека не смее да се наруши поделбата на власта и оти распуштање на двата совета значи мешање во независноста и самостојноста на судството и на обвинителството, Мицкоски одлучно и со факти им одговори.

„Ја слушнав таа изјава. Некако, стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Но, во ред, дури и ако е така. За оваа коалиција гласаа 600.000 граѓани, се гледа дека тоа ништо не им значи. За политиките и програмата на оваа влада. Истите велат дека состојбата со правната држава е катастрофална. Истите во нивните извештаи велат дека криминалот и корупцијата цветаат. Довербата во Судскиот совет и во Обвинителскиот совет е на 2-3%, се гледа дека работите не функционираат. Ако знаат подобро решение нека дојдат да покажат, јас сум подготвен да разговараме“, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не можат со голи раце против Русите:…

Украина не може да опреми 14 бригади…

Путин: Талибанците се сојузници на Русија во…

Движењето „Талибанците“ ја контролира владата во Авганистан…

Џон Кери: Украина не може да победи

Украина нема да може да го добие…

РУСКА ОФАНЗИВА НЕ ВИДЕНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА…

Во втората половина на јуни, Русите почнаа…

(Фото) СЕКОЈА ЧЕСТ: Елмас заработува милиони, но…

Додека најголем дел од најдобрите европски фудбалери…