Објавено на:

(Видео) Полицијата ја опомена шкотската премиерка – не носела маска во фризерница

t

Шкотската премиерка Никол Старџон беше предупредена од полицијата откако во саботата била снимена како не носи заштитна маска во фризерница, прекршувајќи ги сопствените ковид-прописи, пишува Гардијан.

Премиерката била пријавена во полицијата откако се појави снимка од локална берберница, каде премиерката седела без заштитна маска.

Старџон се извини откако полицијата излезе со соопштение. Таа рече дека тоа е моментален пропуст и брзо сфатила дека треба да носи маска, пред да позира за фотографите.

„Прифаќам дека тоа што не носев маска, иако тоа беа само неколку секунди, беше грешка од моја страна и жалам за тоа. Откако доби поплаки за ова прашање, шкотската полиција стапи во контакт со мене.

„Тоа е она што тие би го направиле со кој било друг во овие околности, и тие беа апсолутно во право што не се однесуваа поинаку со мене од кој било друг граѓанин. Објаснив дека грешката е ненамерна и полицијата потврди дека работата е затворена“.

Полицијата на Шкотска на Твитер објави дека полицајците ја посетиле Старџен по жалбата. „Локалните службеници разговараа со првата министерка за да ја потсетат на важноста да се носи заштитна маска кога има законско барање за тоа“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска бара работници, еве од кои професии!

И Шведска бара странски работници, објави schengen.news.  Шведска…

Гаши се сретна со шведската амбасадорка Џеин

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја…

Протест во Малме поради Израел: „Евровизија го…

Голем протест се одржува на главниот плоштад…

Нападнати три постари жени во Шведска, па…

Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во…

Спречен терористички напад во Шведскa

Шведската полиција денеска уапсила четири лица поврзани…