(Видео) Полицијата ја опомена шкотската премиерка – не носела маска во фризерница
Шкотската премиерка Никол Старџон беше предупредена од полицијата откако во саботата била снимена како не носи заштитна маска во фризерница, прекршувајќи ги сопствените ковид-прописи, пишува Гардијан.
Премиерката била пријавена во полицијата откако се појави снимка од локална берберница, каде премиерката седела без заштитна маска.
Старџон се извини откако полицијата излезе со соопштение. Таа рече дека тоа е моментален пропуст и брзо сфатила дека треба да носи маска, пред да позира за фотографите.
„Прифаќам дека тоа што не носев маска, иако тоа беа само неколку секунди, беше грешка од моја страна и жалам за тоа. Откако доби поплаки за ова прашање, шкотската полиција стапи во контакт со мене.
„Тоа е она што тие би го направиле со кој било друг во овие околности, и тие беа апсолутно во право што не се однесуваа поинаку со мене од кој било друг граѓанин. Објаснив дека грешката е ненамерна и полицијата потврди дека работата е затворена“.
Полицијата на Шкотска на Твитер објави дека полицајците ја посетиле Старџен по жалбата. „Локалните службеници разговараа со првата министерка за да ја потсетат на важноста да се носи заштитна маска кога има законско барање за тоа“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведскиот парламент изгласа намалување на возраста за…
Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Шведска усвои закон за мигранти — кој…
Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите…
Шведска пресретна два руски борбени авиони
До ова дошло во два наврати во…
Од таблети и лаптопи шведското образование повторно…
Шведскиот образовен систем прави значаен пресврт по…