(Видео) По половина век владеење, данската кралица најави абдикација за неколку дена!
Данската кралица Маргрет Втора денеска во својот новогодишен говор објави дека ќе абдицира на 14 јануари, по 52 години на тронот.
Таа рече дека ќе ја наследи нејзиниот најстар син, престолонаследникот Фредерик, објави Ројтерс.
80-годишната кралица, која го презеде тронот во 1972 година, стана монарх со најдолг стаж во Европа по смртта на британската кралица Елизабета Втора во септември 2022 година.
Таа беше успешно оперирана на грбот во февруари.
„Операцијата природно предизвика размислување за иднината – дали е дојдено време да се пренесе одговорноста на следната генерација“, рече кралицата во својот новогодишен говор.
Во Данска, моќта е на избраниот парламент и влада.
Се очекува монархот да остане над секојдневната политика, претставувајќи ја нацијата со традиционални должности кои се движат од државни посети до прослави на националните празници.
Кралицата Маргарет имаше широка поддршка од Данците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данскиот МНР: Украина може да користи дански…
Украина би можела да користи дански борбени…
Данска ја прекина истрагата за експлозиите на…
Данската полиција ја прекина истрагата за експлозиите…
Шведска го затвори случајот „Северен тек“, Данска…
Шведска, Данска и Германија спроведоа одделни истраги…
Данска доби нов крал
Фредерик Десетти стана новиот дански крал, наследувајќи…
Крај на една ера: Данската кралица Маргарет…
Данската кралица Маргарет Втора денеска ќе ја…