Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки економии во Европа, пред нас се само Ирска, Данска и Полска

t

Во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа влада, изнесува повеќе од 3 отсто, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2 отсто. Тоа е многу значајно и ова не е случајност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Според Евростат, Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.

Со тоа практично на досега објавените параметри што ги објавил Евростат македонската економија е рангирана на 4. место веднаш зад Ирска, Данска и Полска, посочи Мицкоски.

Премиерот додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.

-Тоа не е случајно и ова не е случајност, ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и трпение, резултатите мора да дојдат, додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…

Најмалку две лица загинаа, а десет други…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…