(Видео) Пратеник на Влен со навреди кон Македонците – Изет Меџити ракоплеска во публика

t

Како се доближува денот на локалните избори така растат навредите и провокациите кон Македонците од високи претставници на ВЛЕН кој е дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Иако ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да им ја препушти цела Западна Македонија на својот коалиционен партнер од албанскиот блок, пратениците и градоначалниците на ВЛЕН наместо благодарност враќаат со навреди кон Македонците.

Аднан Азизи, актуелен пратеник од редовите на ВЛЕН, шеф на штабот и близок роднина на Билал Касами, познат како „Оџата од Ларце“, јавно на отворањето на штабот на ВЛЕН во центарот на Тетово, пропагираше националистички тези. Тој изјави дека ВЛЕН се на страната на Албанците и дека ќе го стопираат секој „српски проект“ кој, според него, им штети на Албанците, а ги фаворизира Словените (мислејќи на Македонците).

Овие пораки беа изнесени пред околу 300 присутни граѓани, во присуство на Изет Меџити и Арбен Фетаи, кои ракоплескаа на ваквите изјави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карпошани ќе одложуваат тесктил во специјализирани еко-контејнери

Друштвото за управување со отпад од текстил…

Сијарто: Народот на Република Српска избира кој…

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија,…

(Видео) Пратеник на Влен со навреди кон…

Како се доближува денот на локалните избори…

Македонска државјанка исчезна во море во Неа…

Крајбрежната служба на Грција спровела спасувачка акција…

Како „класифицираните документи“ на АНБ стигнаа во…

Кога ќе се тргне настрана фолклорот, од…