(Видео) Пратеник на Влен со навреди кон Македонците – Изет Меџити ракоплеска во публика
Како се доближува денот на локалните избори така растат навредите и провокациите кон Македонците од високи претставници на ВЛЕН кој е дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Иако ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да им ја препушти цела Западна Македонија на својот коалиционен партнер од албанскиот блок, пратениците и градоначалниците на ВЛЕН наместо благодарност враќаат со навреди кон Македонците.
Аднан Азизи, актуелен пратеник од редовите на ВЛЕН, шеф на штабот и близок роднина на Билал Касами, познат како „Оџата од Ларце“, јавно на отворањето на штабот на ВЛЕН во центарот на Тетово, пропагираше националистички тези. Тој изјави дека ВЛЕН се на страната на Албанците и дека ќе го стопираат секој „српски проект“ кој, според него, им штети на Албанците, а ги фаворизира Словените (мислејќи на Македонците).
Овие пораки беа изнесени пред околу 300 присутни граѓани, во присуство на Изет Меџити и Арбен Фетаи, кои ракоплескаа на ваквите изјави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…