(Видео) Првите руски трупи влегоа во „Украина“
Доцна вечерва првите руски трупи пристигнаа во сепаратистичките региони на Доњецк и Луганск.
Како што пристигнаа првите руски трупи, тамошните медиуми откриваат дека запреле нападите и бомбардирањето од украинска страна.
Во секој момент се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да и се обрати на украинската јавност.
Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на вооружените сили на Руската Федерација да обезбедат мир во Народните републики Луганск и Доњецк, според декретот потпишан од рускиот лидер.
Тој, исто така, му нареди на руското Министерство за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со ЛНР и ДНР:
Претходно рускиот лидер потпиша два декрети за признавање на Народната република Луганск и Доњецк. Тој им нареди на извршните органи да ги ратификуваат тие документи што е можно поскоро.
Путин изрази уверување дека народот на Руската Федерација ќе ја поддржи одлуката за признавање на Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…