(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски во кратовско, Александар објаснува зошто!

t

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово е прекината, соопшти Александар Ѓорѓиевски кој до денеска во хуманитарна акција ја реновираше куќата на семејството.

– Таткото е алкохоличар, ги пцуел и напаѓал мајсторите кои му ја реновираат куќата. Едниот човек овде има три деца, него го пцуел, а можеби мајсторот е позагрозен од овој човек ама отишил да му помогне, а ги оставил неговите деца дома, вели Ѓорѓиевски.

Тој раскажува за разговор со кумот на децата на семејството Николовски, кој уште од првиот ден на акцијата му кажал дека семејството не е сиромашно, туку мрзеливо, што го увидел и Александар кој сведочи дека ниту мајката ниту таткото никако не се грижеле за децата, а девојчето кое го гледавме во видеата објавени на социјалните мрежи често го малтретирало помалото братче кое има аутизам.

– Сме помогнале на многу луѓе, но некој овде да напаѓа и да не навредува, а сме дошле да ја реновираме куќата. Не се малку пари вложени таму, прво заменети се сите врати и прозорци со ПВЦ, но тука прекинуваме, истакна Ѓорѓиевски.

Целото видео од гостувањето на Александар Ѓорѓиевски на Телевизија M NET HD, погледнете го ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тек е акција на МВР: Се…

МВР рано утринава прави претрес на повеќе…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

Под истрага 18 членови на „Беланоца –…

ОЈО ГОКК сподели детали за вчеашната акција…

Сопругот ја тепал со тупаници и ја…

Од скопското обвинителство информираат дека е отворена…

Снаата повеќе пати пријавувала насилство: Детали за…

Мотивите за двојното убиство во Кратово кое…