(Видео) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога вредна 300.000 евра: Детали за вчерашната акција на МВР
Вчера во прилепско, припадници на Министерството за внатрешни работи реализираа акција за сузбивање на недозволена трговија со наркотици, во која е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел Грција, при што е запленето околу 86 к.г. марихуана вреда околу 300.000 евра. Во акцијата е уапсено едно лице.
Во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4” со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства.
-Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, а А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот. Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…