(Видео) Пр(л)атениците не гласаа за амнестија на уставобранителите, ама гласаа да го ослободат “лидерот” од казна за шетање по кафани во пандемија
Денеска сите пратеници се собраа да ги ослободат лицата кои беа казнети за прекршување на протоколите, за разлика од минатиот пат кога требаше да се гласа законот за амнестија на уставобранителите, вели во денешната епизода на Тешки муабети, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
– Зошто гласаа, затоа што обвинителен акт за прекршување на протоколите за време на пандемија имаше Христијан Мицкоски, тој беше во кафана и во теретана, вели Митовски.
Мицкоски за време на Ковид-пандемија неколкупати ги прекрши Ковид-протоколите, еднаш беше во кафана во Дебар Маало, а исто така беше и во теретана.
Истиот беше повикан и на разговор во полициската станица Центар.
Тогаш од МВР потврдија дека Мицкоски се појавил во полиција за случајот кога од страна на инспектори беше затекнат како седи во внатрешноста на кафана во Дебар маало.
Мицкоски предизвика скандал и со појавувањето во теретана во време на важечки мерки за справување со Ковид-пандемијата. За случјата се појави и видео кое го објави Фејсбук страната “Сеир” кое може да го погледнете во продолжение.
Мицкоски тогаш јавно призна дека бил во кафана и кажа дека е подготвен да одговара доколку тоа се смета за грев, но неговите пратеници очигледно денеска го спасија од одговорност.
Следете ја емисијата во живо во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…