(Видео) Протести во Градачац: Граѓаните кажаа остро “НЕ” на насилството
Во Градачац денеска се одржуваат уште еден од серијата протестни собири откако насилник ја уби невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, која неколку дена претходно го молела системот за помош. Потоа уби уште две лица, а едно тешко рани, што ги поттикна граѓаните на овој град да излезат на улица. Денеска заедно со протестниот собир има и јавна трибина организирана од членови на невладиниот сектор од која беа испратени фрапантни пораки.
„Доби една шлаканица, што е тоа? Ќе се согласите ли на тоа?“, праша еден од организаторите на јавната трибина, алудирајќи на зачестените и застрашувачки забелешки кои се слушаат кога станува збор за насилството врз жените.
„Не!“ извикуваа насобраните граѓани.
„Нема оправдување за насилството, нема оправдување! Оваа земја мора да прифати нулта толеранција за сите форми на насилство во општеството. Случајните пцовки и коментари се дел од насилството“, изјави еден од организаторите, кој беше проследен со аплауз од многуте насобрани луѓе.
Синоќа се одржаа и протести во овој град, а една од особено моќните пораки испрати инфлуенсерката Хана Хаџиавдагиќ, потсетувајќи дека убиената Низама со денови молела за помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…