(Видео) Протести во Нови Сад: граѓаните се собираат, студентите влегуваат во факултетот низ прозорецот

t

Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од уривањето на настрешницата на Железничката станица, при што загинаа 16 лица. Граѓаните ќе се соберат и ќе одржат 16-минутно молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата, јавува Н1. По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад.

Во Белград, студентите и учениците на блокада најавија комеморативна прошетка вечерва во 18:30 часот. Родителите, учениците и наставниците протестираат пред Петтата белградска гимназија.

Деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид, влегол во зградата на факултетот низ прозорец со помош на, според очевидци, тројца разбивачи и со асистенција на двајца полицајци. Неколку студенти влегле и низ прозорецот на факултетот, додека пред влезот граѓаните се расправаат со полицијата, која ги туркала со штитови, пренесуваат српските медиуми. Подоцна, ситуацијата почнала да се смирува, а студентите и граѓаните сè уште се собираат. Пред зградата на факултетот пристигнале засилувања на полицијата. Покрај Итната полиција, таму има и единица на жандармеријата. фото: принтскрин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Протести во Нови Сад: граѓаните се…

Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци…

Акција на грчката и германската полиција: Запленети…

Грчката и германската полиција разбија криминална мрежа…

Македонија со пад од четири места на…

Меѓународниот тинк-тенк, Институтот за економија и мир,…

МТВ останува речиси без спортска редакција –…

Во наредниот месец спортската јавност ќе добие…

Анкета: 75 отсто од Украинците се за…

Голем дел од украинските граѓани поддржуваат прекин…