МТВ останува речиси без спортска редакција – голем дел од новинарите преминуваат во „Арена Македонија“

t

Во наредниот месец спортската јавност ќе добие голема новост – започнува со работа „Арена Спорт“ на македонски јазик. Веќе е познато и дел од тимот кој ќе ја сочинува новата телевизија.

Прв чекор направи Тони Стојановски, кој денеска го имаше последниот пренос за МТВ, коментирајќи го натпреварот Македонија ЃП – Пелистер. Тој ќе биде главен менаџер на проектот, а преку својот Фејсбук профил објави дека по 13 години заминува од националниот сервис, пишува Спорт1.

„Денеска го одработив последниот пренос за МРТ. По повеќе од 13 години во телевизијата, а вкупно речиси 20 во јавниот сервис, дојде време за разделба. Заминувањето не е лесна одлука, но по 28 години новинарско-коментаторска кариера, сметам дека ова е најдоброто решение. Новата страница е сè уште празна, а на нас е да ја испишеме на убав начин. Да живее Македонија!“, напиша Стојановски.

Според информациите, со него ќе премине и поголем дел од новинарите од спортската редакција на МТВ, кои ќе бидат дел од новиот проект.

Почетокот на „Арена Спорт“ на македонски јазик е најавен за октомври. Засега не е познат точниот број на канали, но извесно е дека најголемите спортски настани ќе бидат пренесувани со коментар на македонски. Проектот ќе вклучува емисии во живо, анализи од стручни лица, интервјуа и директни преноси од најсилните фудбалски лиги, НБА, Формула 1 и други врвни спортови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…