(Видео) Протест во Прилеп против работењето на Бехтел и Енка – Градоначалникот даде поддршка

t

Вчера во атарот на прилепското село Оревоец се одржа протест против работењето на Бехтел и Енка. Граѓаните истакнаа дека не биле информирани за минирањето кое го врши конзорциумот и дека истото има последици по животната средина, се загадува водата за пиење и се загрозува ендемски вид на пеперутка која живее во тој предел.

– Овде денес сме во атарот на село Оревоец, одма до Плетвар. Овој протест се должи на незадоволството на селаните од безредието на Бехтел и Енка. На патот имаше знак 7,5 тони, го извадија знакот и идат камиони од 50-60 тона. Го проширија патот без никакво сообраќајно решение, направија тука цел град, се населија работници без никакво одобрение. Планините ги исекоа, шумите ги исекоа, змии ни се полни дворовите, матна вода тече од нивните минирања, селаните се чувствуваат вознемирено. Во врска со минирањата не беше ништо најавени, едноставно патот се блокирал, се пуштија сирените и се врши минирање веќе неколку дена. Се влечкаат од тука големи количини на минерали, ова до кога ќе трае не ни кажал никого, вели еден од мештаните.

– Мене ѕидот од куќата мииспука кога почнаа да минираат, ја загадија цела животна средина, никој ништо не презема, мораме сами да преземеме. Еве протестираме сите мештаните, што ќе биде не знаеме, вели друг жител на селото.

– Најглавната причина и најгорливото прашање за кое прилепчани се собрани тука е тоа што единствени четири извори со своја вода, за која Прилеп каок град од никого не зависи, се наоѓаат на 700 метри од рудникот на кој минира Бехтел и Енка. Тоа ни е нас круцијално прашање, има и други нејаснотии во нивната работа. Нивни претставник кој знае македонски не упати да се обратиме директно во седиштето на компанијата, вели друг жител кој додава дека на тие простори живее ендемски вид на пеперутка која е загрозена со ваквите активности.

Поддршка на протестот даде и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

(Видео) Прилепчани се жалат: Комуналец ни наплаќа…

На старите градски гробишта во Прилеп не…

Прилеп ли е, Амазон ли е… ВРИЕ…

Локалниот огранок на СДСМ во Прилеп објавија…

По нападот во Прилеп, Центрите за социјална…

За еден месец, 37 Центри за социјална…

ВИДЕО „Наместо Младински центар, во центарот на…

„Некогашната Виша економска школа, локацијата на која…