Објавено на:

(Видео) Путин најави 5 милиони рубљи за семејството на секој загинат војник

t

Додека траат преговорите меѓу руската и украинската страна, претседателот на Русија, Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност.

Тој рече дека „специјалната воена операција“ во Украина се одвива според планот.

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот Исток. Тие користат цивили и странци како жив штит. Тие користат кинески студенти кои сакаа да го напуштат градот“ – рече Путин, додавајќи дека за време на операцијата во Украина, руските војници се однесувале храбро, „како вистински херои“.

Тој исто така рече дека Украинците се заканувале и дека „мозокот им е исперен“, дека тој сака да ја уништи таа „антирусија“ создадена од Западот.

На почетокот на своето обраќање Путин и членовите на Советот со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите војници.

Путин рече дека на семејствата на руските војници кои загинале во Украина ќе им бидат исплатени дополнителни пет милиони рубљи (во моментот 50.000 евра), а семејствата на повредените ќе добиваат и дополнителна месечна парична помош.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека за време на операција во Украина загинале 498 руски војници, а 1.597 се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…

Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…

Се урна авион во Канада, има загинати

Во областа на северозападните територии на Канада,…

Дури девет лица се повредени: Детали за…

Девет повредени и едно починато лице е…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…