(Видео) РЕК Битола ги потврди информациите на Инфомакс: Имало пожар во петокот, но и покрај тврдењата на вработените тврдат дека хидрантите биле исправни

t

Во петокот се случил пожар во еден од објектите во РЕК Битола дознава Инфомакс од извори о вработените. Вработените тврдат дека во хдрантите нема црева, а пожарната била нефункционална.

Вработените загрижени за нивната безбедност ја контактираа редакцијата на Инфомакс.

Инфомакс пак испрати прашање до РЕК Битола, во одговорот кој го добивме потврдија дека имало пожар во електраната, но дека поради брзата реакција на противпожарната бригада која е составен дел од РЕК Битола, пожарот навреме бил саниран.

Оттаму тврдат дека хидраните се функционални, а дека нема црева во истите затоа што наводно посигурно било истите да бидат во рамки на противпожарната бригада.

-Противпожарната единица на Подружница РЕК сместена во кругот на Термоелектраната каде се произведува електрична енергија, го потенцира фактот дека пожарите се можна појава. Во периодот кој го споменувате,  имаше пожар предизвикан од електрична инсталација, поточно од склопка, но благодарение на брзата интервенција на нашите пожарникари, тој беше веднаш изгаснат и не предизвика никаква штета.

Во самата систематизација на Подружница РЕК Битола е предвидена и застапена професијата Пожарникар, која функционира независно во рамките на комбинатот и нема обврска да пријавува пожари на други места.

Во однос на прашањето за функционалноста на хидрантите во зградата на термото, вашите информации не се точни. Сите хидранти во комбинатот се исправни, а цревата од хидрантите се чуваат во седиштето на пожарната единица со цел да се обезбеди подобар увид во нивната исправност, бидејќи тие се потрошен материјал кој може да се оштети (да се истроши, скине или дупне). При секоја интервенција, пожарникарите ги носат со себе потребните и проверени црева, со што во секој момент располагаат со соодветна и исправна опрема за гаснење пожар.

-Пожар во РЕК Битола, вработените тврдат дека хидрантите се нефункционални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…