(Видео) Решен деценински проблем на скопјани: Реконструирана улицата “Бутелска”
Реконструирана улицата „Бутелска“, со што се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Коловозот е реконструиран на површина од 7.700 квадратни метри и должина од 850 метри, целосно се заменети и оштетените тротоари и автобуските постојки. – информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Едновремено се изврши подобрување на водоводната линија Ф400 со цел намалување на веројатноста од настнување на дефекти на ново-асфалтираната улица во иднина поради дотраеност. За атмосферската канализација се изгради дел од крак DN 400 со цел да се развие нова општинска атмосферска линија.
Со реконструирање на улицата Бутелска се реши децениското барање на граѓаните во овој дел од општината, а воедно се подобри функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег, напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…