(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за струјата и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи

Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните се потешко ги задоволуваатосновните животни потреби. Индексот на трошоците за живот во јануари 2025 во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 4,9%, додека индексот на цените на мало пораснале за цели5,2%. Цените на основните прехранбени производи растат без контрола, објасни денеска на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи.
– Граѓаните плаќаат и повисоки сметки за струја, само во јануари тие се зголемени за 20 до 30%. Повеќе семејства се соочуваат со финансиски потешкотии, а месечната плата веќе не ги покрива ни основните трошоци. Како одговорна опозиција предлагаме конкретнимерки, пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе измени на Законот за ДДВ, со кој бараме намалување на данокот за електричната енергија од 18% на 5% и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, објасни Битиќи кој додаде дека Владата е незаинтересирана за проблемите на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Шести април нов датум за реизбор на…
На шести април СДСМ ќе ги оддржи…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…
СДСМ: Селектитвност не смее да има, да…
Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски –…