(Видео) Се бара изучување на албански јазик во Охрид

t

Во Градот Охрид во државните институции не се користи албанскиот јазик, ниту таблите не се на албански, дури нема ни средно училиште на албански јазик.

Професорот Осман Османи вели дека како резултат на тоа многу Албанци заминале од Охрид и бројот на ученици за разлика од минатото е видно намален.

„Бројот на ученици беше многу голем, имаше над 100, значи 3 или 4 паралелки имаше на албански јазик, но како што помина времето почна да се намали тој број и сега имаме 30 ученици. Тоа можеби е резултат на иселувањето за подобар живот. Намалувањето на наталитетот и елементот на Египќани по демострациите на 81, кога почна да се намали бројот, повеќето почна да учат на македонски јазик, секако во тоа имаше влијание и државата“, вели Осман Османи.

Албанците од Охрид инсистираа во охридската гимназија да се отвори барем една паралелка на албански јазик, но нивното барање никогаш не беше исполнето.

„Бевме група активисти кои баравме во училиштето една паралелка од средното струшко училиште да се отвори и во Охрид, поради тоа што условите претходно беа полоши, јас настојував, но за некои работи е потребен поголем ангажмани, и не успеавме во тоа“, порача Џеладин Емини.

Есат Аслани е револтиран поради тоа што Рамковниот договор не се спроведува во сите градови каде има Албанци.

„Сите граѓани се револтирани од тоа што се случи по Рамковниот договор, со правата кои ни следуваа на нас каде живеат над 20% Албанци, тоа не е спроведено, Охрид, Ресен, Прилеп се оставени во заборав, има доволен број на Албанци, но не дозволија албанскиот да биде службен јазик во државно ниво“, вели Есат Аслани.

Според Пописот од 2002, во Охрид живееле 2 959 Албанци, но колку од нив се уште живеат таму ќе дознаеме по објавувањето на резултатите од пописот кој се одржа минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…