(Видео) Се зголемуваат сметките за вода и гробарина во Делчево
На петата по ред Советот на општина Делчево, од Директорот на ЈКП Брегалница, на дневен ред се предвидени две точки, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево
Првата точка е зголемување на цената на одржување на градските горбишта од 20 на 50 денари. Втората точка е воведување на нова давачка на сметките за вода, одржување на паркови и зеленило, услуга која досега ја наплатуваше општина Делчево, сега е на терет на граѓаните. Оваа давачка ќе изнесува 40 денари по семејство.
Тоа значи дека наредните сметки, ќе бидат паушално зголемени за 70 денари. После ковидот, по зголемувањето на реагенсите, по сите поскапување на продуктите, ова е едно ново поскапување кое беше сервирано веднаш по новата година.
Навидум мое да изгледа како мала сума, но со оглед на тоа дека Делчево има 4000 домаќинства, по 70 денари, во касата на ЈКП Брегалница би се влеале 50 000 евра годишно. За мандат од четири години тоа се 200 000 евра од џебот на граѓаните.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе се спортивстави на одлуката и изрази надеж дека ќе ја добие поддршката и од другите советници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два земјотреси во две минути во Делчево…
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на…
Левица: Кој ги убива рибите во делчевско?
Локалните сточари во делчевско, во атарот на…
АЛАРМ во Судскиот совет! Никој не се…
На огласот за избор на претседатели на…
Пронајдена неексплодирана граната во делчевско
На 17.05.2024 во 19.50 часот во Пoлициската…
(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!
на граничниот премин Делчево врне снег, а…