(Видео) Службено возило, шофер, повисока плата и отсуство од ЕДНА ГОДИНА! Какви привилегии добивала сопругата на Дарко Димовски во “Водовод” за синдикатот да седи мирен?
Скандал, првпат после конфликтот во 2001 година, се случи пред неколку денови во Скопје кога претседателот на ССМ, Дарко Димовски на прес-конференција се закани со прекин на водоснабдувањето на градот доколку ЈП “Водовод и канализација” не ги исполни нивните барања.
Дарко Димовски практично се противи на одлуката на директорот на ЈП “Водовод и канализација” секој вработен да си ја заработи платата, наместо како до сега, да има вработени што не работат, не се појавуваат на работа и земаат плата, како и вработени кои уживале специјални бенефиции во претпријатието (меѓу нив и сопругата на Димовски).
Ситуацијата е по малку чудна бидејќи се работи за триесетина вработени во ЈП Водовод и канализација кои со хоризонтална систематизација се преместени на нови работни места имајќи во предвид дека работните задачи на претходните работни места ги извршувале незадоволително.
Според информациите со кои располага Инфомакс се работи за луѓе кои се партиски кадри блиски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои со месеци и со години не ги извршувале своите работни задачи, а со систематизација на работните места истите биле приморани конечно да почнат со работа.
Според информациите на Инфомакс, сопругата на Димовски во време на директорувањето на Душко Весовски добила 12 месеци отсуство од работа, од кои 6 месеци платено отсуство кое госпоѓата Димовска го искористила за да работи во семејната пицерија.
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во “Тешки муабети” подетално објаснува зошто Димовски толку жестоко се противи на одлуката на директорот на Водовод.
– Дарко од ССМ вака жестот се бори за Водовод и против директорот на Водовод затоа што неговата сопруга е вработена во Водовод и во претходниот мандат на директорот Душко Весовски госпоѓата била така привилегирана, имала службена кола, имала тинтрање за да седи нели синдикатот мирен. Е сега тие привилегии ги нема госпоѓата Димовска, на Дарко Димовски сопругата и сега гледате како чалам, ароганција, демек ќе види тој, ова, она.
Дури и закана дека ќе организира исклулчување на снабдување со вода на главниот град што само по себе претставува акт на тероризам, тоа е саботажа, а јас да го потсетам дека за тоа имаше кај нас еден таков случај, тоа е командант Вентили. Од Хашките случаи, кој го амнестираше македонското Собрание инаку беше случај за пред Хаг, тоа е злосторство против човештвото. Со такви идиотштини да му апелирам да не се занимава туку малце да подразмисли пред да треба да ги одработат задачите кои им биле зададени од некои центри.
Зошто не бил заинтересиран Дарко Димовски во периодот до 2021 година за правата на вработените во Водовод кога на пример им биле укинувани регреси на вработените во Водовод за годишен одмор од 23000 денари по врабтен на 3000 денари по вработен.
ССМ не реагирал, напротив Дарко се сликал со тогашниот директор како успех дури и го потпишал документот на Управниот одбор со кој што се носи оваа одлука, објаснува Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…
Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…
Поради дефект МНР и зградата А1 без…
Во Министерството за надворешни работи (МНР) нема…
(Фото) Скопје влегува во 21 век: Горно…
Скопје влегува во 21 век, жителите на…
Сопиште денеска без вода
Од Водовод Скопје информираат дека населбата Сопиште…
(Видео) Мега проект на Арсовска: Ќе се…
На денешната средба во просториите на ЈП…