Објавено на:

(Видео) Смртни закани кон Вучиќ на протестот “Србија против насилство”: “Да му се скине главата”

t

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ реагираше на смртните закани упатени до претседателот на земјата Александар Вучиќ на протестот на опозицијата наречен „Србија против насилството“.

Ана Брнабиќ, која цело време за време на протестот беше во зградата на Владата на Република Србија, вели дека ова не е прв пат да се повикува на атентат врз претседателот на државата, но дека сега земајќи имајќи ги предвид сите околности, тоа е особено страшно.

-По две незамисливи трагедии, злосторства што го потресоа нашето општество до срж, на Протестот против насилството, пораката дека „децата со пиштоли ќе треба да одлучуваат за судбината на Србија“ и дека претседателот Вучиќ треба „да биде заробен и да му се скине главата. “, заедно со пцуењето на неговата мајка. Не е прв пат, но сега е особено страшно – напиша Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…