(Видео) Советниците се одговорни пред граѓаните од кои земаат плата, не пред партиските лидери и нивното политиканство
Советниците во Советот на Градот Скопје кои не ги поддржаа програмите за работа на претпријатието Комунална хигиена – Скопје ќе бидат единствено виновни за евентуалното нарушување на хигиената во градот, истакна на денешната прес-конференција директорката на претпријатието, Косана Николиќ-Мазнева.
– Крајно време е претставниците на политичките партии во Советот на Градот Скопје сериозно да ја сфатат својата функција и наместо на штета на граѓаните на Градот Скопје да почнат да работат конечно во нивен интерес.
Непринципиелно и недозволиво е советниците во Советот на Градот Скопје, својата функција да ја злоупотребуваат за водење на дневна политика, за политички реваншизам и создавање хаос во работењето на градот и на сите градски јавни претпријатија.
Блокирањето и неизгласувањето на програмите за работа на Комунална хигиена – Скопје, на седницата на Советот на Градот Скопје е токму тоа, класичен реваншизам и обид за создавање на хаос. Морам да напоменам дека Комунална хигиена Скопје имаше три програми во изминатиот период кои требаше да поминат во Советот на Градот Скопје, тоа се програмата за вработување за 2023 година, инвестициската и програмата за дополнителни активности.
Оттука сакам да ги потсетам советиците во Советот на Градот Скопје дека тие се избрани од скопјани да ги застапуваат исклучиво нивните интереси и да ја унапредат работата на службите на Градот и да бидат нивен достоен сервис. Би сакала и да ги потсетам дека тие имаат одговорност пред граѓаните, а не пред партиските лидери чиешто политиканстство не смее да биде приоритет и не смее да биде проектирано врз работата на Градот Скопје.
Ниту еден граѓанин на Градот Скопје не е должен да трпи штети поради политичката непринципиелност на малкумина. Би сакала и да потсетам дека советниците во Градот Скопје земаат плата токму од граѓаните и ттеба да работат исклучиво во нивен интерес.
Сакам да појаснам дека благодарение на советниците и советничките на сите политички партии, на последната седница на Советот на Градот Скопје, коишто одлучија да ја блокирата работата на ЈП КХС со неизгласување на инвестициските програми се единствено одговорни и ќе бидат единствено одговорни за евентуалното нарушување на хигиената во Градот Скопје.
Со програмите за работа на КХС се предвидува целосна реорганизација на работата на КХС што значи и целосна модернизација на работата на претпријатието. Пред советниците доставивме предлог-програма во која се предвидени набавка на модерна опрема за одржување на јавната чистота и јавната хигиена во Градот Скопје, набавка на нови контејнери кои ќе се поставуваат на нови локации како и замена на веќе постоечките кои се стари и дотрајани. Нови специјални комунални возила поради зголемување на ефикасноста за справување со комуналниот отпад, како и дополнителни сезонски работини кои пак се најзаслужни за одржувањето на хигиената во Градот. Последното што го спомнав е дел од програмата за дополнителни дејности којашто исто така потенцирам дека советниците не ја изгласаа.
Апелирам до сите советници во Советот на Градот Скопје, а особено до оние кои ја промовираа и веруваа дека ќе ја поддржат програмата “За Модерно Скопје” и во Советот на Градот сега да не се повлекуваат и да не ја злоупотребуваат веќе дадената доверба од граѓаните, истакна директорката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…