(Видео) Сопственикот на кафичот кој им се заканувал на браќата од Пука Козметика пред да бидат претепани е братучед на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ!

t

Александар Митовски открива дека сопственикот на Хелиум, кој им се заканувал на браќата од Пука Козметика кои вчера вечер биле претепани во близина на кафичт, е братучед на координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Марија Андонова.

– Имаат еден проблем од ВМРО-ДПМНЕ, кога не знаат да си покријат глупост викаат дека некој е рекетар, мислат дека ако тие така функционираат сите функционираат ан таков начин. ВМРО е партија создадена од незадоволни стечајци во деведесеттите и сега од народна партија ВМРО-ДПМНЕ станува елитистичка партија, функционираат мама, тато, бате, вујко и за се што треба да завршиш работа трееба да чукнеш кај папата.

Ова не е прв напад врз советник, ме загрижува тоа што ВМРО-ДПМНЕ зазема размери на рекетарска организација , а уште нема власт, а каде што имаат власт се однесуваат полошо од Заев на централна власт. Ме загрижува што тоа се случува на локално, општинско ниво!

Нападнат беше советник во Карпош, имаме информација дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил повикан на информативен разговор минатата недела, пробувам да ја потврдам информацијата, бидејќи заканите биле праќани од број регистриран на ВМРО-ДПМНЕ, претходеле закани од обезбедувањето на Мицкоски.

Ирена Попова самата сведочеше дека добивала пораки дека ќе ја запалат, ќе ѝ ја запалат колата, ќе ја тепале не знам што, на страна што беше напаѓана од ботовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега се напаѓа Левица.

Сопственикот на Хелиум е братучед на координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Марија Андонова, истакна Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Захарова: Повикот на ОН за деескалација се…

Секретаријатот на ОН, изјавувајќи дека е неопходно…

Захарова: Загрозена е безбедноста на Балканот

Русија ги осудува провокативните антисрпски акции на…

Захарова: Макрон е смешен и води дволична…

Русија денеска го прекори Емануел Макрон затоа…