(Видео) СОСЕ БЕБЕ СЕ ФРЛИЛА ВО МОРАЧА! Трагедија ја потресе Подгорица

t

За среќа, бебето било извлечено од реката, а во близина се нашол човек кој знел да му пружи прва помош, па тоа е надвор од животна опасност.

Трагедија се случи денеска во Подгорица, кога повозрасна жена со машко бебе во рацете скокнала од мост во реката Морача. Според неофицијалните информации, таа останала на местото мртва од падот врз карпите, а детето е извлечено од реката од работиници на комуналното претпријатие кои се нашле во близина, објавува порталот Побједа, повикувајќи се на извори од полицијата и очевидци.

Според изворите, очигледно жената, која била на возраст од 62 години, имала намера да се убие и себе и бебето. За среќа, откако детето било извлечено од реката, во близина се нашол човек кој знел да му пружи прва помош и да му ја истисне водата од градите, па бебето е надвор од животна опасност. Брзата помош брзо реагирала и го пренела бебето во болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…