(Видео) Со Мерцедес од половина милион евра Ковачевски пристигна да крои лозје
Во сите лозарски региони денес свечено се одбележува свети трифун патронот заштитиник на лозарството.
-Денеска го празнуваме трудот на лозарите, го славиме нашето македонско вино по кое сме познати и почитувани во светот и им оддаваме признание на винарите. За лозарите и винарите нема веќе неизвесност, обезбедуваме значајна финансиска поддршка за производство и откуп на грозјето.
Грижата за нив е постојана – затоа резултатите се видливи и претставуваат дополнителна мотивација. Мерките и стимулациите обезбедуваат производство на квалитетно вино, поголема промоција и зголемување на извозот.
Воедно, посветено работиме и на создавање амбиент за стопанисување кој ќе биде поволен и за лозарите и за винариите. Им го честитам денот на лозарите и винарите и им посакувам успешна година, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на владата Димитар Ковачевски.
Претседателот на владата Ковачевски беше на закројување лозје во Росоман, но она што го привлече вниманието е пристигнувањето на Ковачевски со Мерцедес кој вреди половина милион евра.
Извор: Курир.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХИТ: Сопственичка на фитнес клуб на својата…
Сопственичката на фитнес центарот од Груд, мало…
Арачиновец со „Мерцедес“ се удрил во полициско…
Вчера во 17.40 часот било пријавено дека…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…