(Видео) Срамно: Група граѓани намерно истураат ѓубре низ центар на Скопје

Директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, Зуди Енузи Кока, објави видео со шокантна содржина, ВО видеото се гледа како група луѓе, намерно ги уништуваат корпите за ѓубре низ градот и го разнесуваат ѓубрето низ центарот на Скопје. Тој апелираше до граѓаните да реаѓираат на ваквото срамно однесување и да го пријават до надлежните служби.
Во продожение целата објава:
„Срамно! Анонимно од страна на граѓани ни беше испратена оваа снимка на којашто може да се види како поединци намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и разнесуваат отпад низ центарот на Скопје. Ваквото недолично и безобразно однесување каде што може да се види и уништување на јавен имот е забележано на неколку локации низ градот, на местата каде што комуналните служби претходно имаат исчистено, поединци отпадот го разнесуваат намерно и од црни кеси го истураат на јавни површини. Дали станува збор за организирана акција ќе треба допрва да се утврди. Ги повикувам граѓаните да реагираат на ваквото срамно однесување, а доколку забележат вакво однесување на поединци или групи истото да го пријават. Скопјани заслужуваат да живеат во чиста животна средина, а ваквото однесување е непочитување на трудот на комуналните служби, но и претставува казниво дело“, пишува тој на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…