(Видео) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА МАГАЦИНИ ЗА ОГНОМЕТ ВО БУГАРИЈА: Неофицијално има загинати!

t

Експлодираа магацини за огномет меѓу Елин Пелин и селото Гара во Бугарија. Во областа се слушаат експлозии. Магацините се во пламен.

Според првичните информации има жртви, информираат од Итната помош.

Испратено е барање за повеќе амбулантни возила. Спасувачките екипи се на терен. Меѓутоа, медицинските лица не можат да влезат во периметарот на експлозиите.

Сигналот за експлозија бил примен во 18 часот и 30 минути, изјавија за Новини.бг од прес-центарот на Министерството за внатрешни работи. На местото на несреќата се испратени противпожарни и полициски екипи. Преземени се активности за гаснење на пожарот кој настанал како последица на експлозијата. Пожарот ја зафатил и блиската нива.

На местото на несреќата отпатуваа министерот за внатрешни работи Калин Стојанов и главниот секретар на МВР Димитар Кангаљиев.

Градоначалникот на Елин Пелин, Ивајло Симеонов, за БНТ изјави дека жителите треба да бидат мирни бидејќи во магацините нема муниција. Периметарот е опколен. Луѓето треба да бидат внимателни бидејќи може да има шрапнели „Најголем ризик е пожарот, но има пожарникари во областа. Имаше првична експлозија, а потоа следеше уште. Камерите престанаа по експлозијата.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…