(Видео) Студентите по неколку дена стигнаа во Крагуевац

t

На преполниот плоштад „Слобода“ во центарот на Крагуевац се приредува спектакуларен пречек на студентите кои со денови пешачеа, возеа велосипеди и трчаа за да учествуваат на утрешниот голем митинг и блокада, на верскиот празник Сретение.

Во центарот на тој град пристигнаа студенти кои тргнаа од Ужице, Горњи Милановац, Чачак, Краљево, Нови Пазар, Белград и Нови Сад. Пристигнаа и велосипедисти и маратонци кои утрово стартуваат пред храмот Свети Сава во Белград. Се очекуваат и студентите од Ниш.

Група средношколци во Ниш, нивните родители и професори се собраа на раскрсницата кај Основниот суд, а потоа тргнаа на протестна прошетка до Управата на училиштето, како поддршка на студентите кои ги блокираат факултетите, јавува Јуроњуз Србија, повикувајќи се на Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентското собрание при УКИМ се извини за…

Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…

Факели, овации и огномет за студентите: Пристигнаа…

Граѓаните се собраа во центарот на српскиот…

Српските студенти започнаа со 15-часовна блокада во…

Во центарот на Крагуевац утринава почна блокада…

(Видео) Студентите по неколку дена стигнаа во…

На преполниот плоштад „Слобода“ во центарот на…

Вучиќ му се пожали на Додик за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Бања…