Српските студенти започнаа со 15-часовна блокада во Крагуевац

t

Во центарот на Крагуевац утринава почна блокада од страна на студентите. Тие повеќе од два месеци одржуваат протести на кои се бара одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад.

На целодневната блокада во Крагуевац ќе бидат организирани бројни настани од изложби, спортски активности до собирање донации. Во 19:50 часот е најавено дека ќе биде прочитано студентско писмо, а од 20:30 часот е најавена главната програма. Од 23:52 часот, граѓаните ќе оддадат почит за жртвите во траење од 15 минути.

Граѓаните на Крагуевац вчеравечер ги пречекаа студентите кои пешачеа и со велосипеди тргнаа до Крагуевац од повеќе градови во Србија за да им се придружат на своите колеги во блокадата.

Студентите бараат кривична и политичка одговорност за смртта на 15-те луѓе при уривање на настрешница на 1 ноември, неколку месеци откако станицата беше официјално отворена по тригодишната реконструкција. Тие бараат да се процесираат и одговорните за нападите врз нив и врз другите граѓани за време на протестите и акциите во чест на жртвите. Барањата на студентите во блокада ги поддржаа нивните професори, просветни работници, адвокати, земјоделци, актери и други граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…