Објавено на:

(Видео) ТАГА: Загина младиот пејач Немања од „Ѕвездите на Гранд“

t

Пејачот и поранешен учесник на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, Немања Вуковиќ (23) загина синоќа во страшна несреќа кај Добановице, откако во него удрил автобус и загинал на лице место.

– Немања додека возел имал незгода, имено, најверојатно поради дефект на тркалото, пејачот изгубил контрола и удрил во работ на тротоарот. По тој повод на коловозот летаат пластични делови од автомобилот, а набрзо доаѓа до судир на два автомобили кои немаат врска со возилото на Немања. Младиот пејач излегува од автомобилот за да види што се случило, а преку улицата во другата лента е полицаец кој му вели да остане со своето возило, додека не ја провери состојбата на возачите во другите две возила, кои се судриле само неколку моменти порано – вели нашиот извор близок до истрагата.

Иако истражниот полицаец го предупредил да не се оддалечува од возилото, младиот пејач од засега неутврдени причини се обидел да го претрча автопатот.

– Пејачот потоа во следниот момент, не слушајќи што му кажува полицаецот, од непознати причини се обидел да го премине автопатот кога на него налетал автобус и го усмртил на лице место – раскажува изворот за Телеграф и додава:

– Останатите двајца возачи се сослушани во станица, а против еден од нив, кој е државјанин на Украина, ќе биде поднесена кривична пријава – открива изворот.

Инаку, за страшната несреќа е известено и надлежното обвинителство, по што е наредена обдукција на телото и сите други дополнителни вештачења кои ќе помогнат во истрагата.

https://www.instagram.com/192_rs/?utm_source=ig_embed&ig_rid=72f66770-39ae-4d93-94b1-e3db2111fa25

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…