Објавено на:

(Видео) Такер Карлсон повторно во Москва, овојпат на интервју со Лавров!

t

Американскиот новинар Такер Карслон на социјалната мрежа „Х“ објави дека допатува во Москва за интервју со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.


Карлсон додаде дека интервјуто ќе биде објавено наскоро и дека е исклучително интересно.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, истакна дека интервјуто на Лавров е опширно и трае околу час и половина, а ќе биде објавено за неколку дена.
„Ми се чини дека Сергеј Викторович дал посебна нота во својата интеракција со медиумите, што подразбира комбинација на отвореност, професионалност, добра волја, но во исто време и јасно укажување на националните интереси. „Редовно се објавуваат интервјуа во руски и странски медиуми, се одржуваат прес-конференции, различни формати, брифинзи, коментари и еве уште еден“, нагласи Захарова.


Според неа, интервјуто сега се преведува и се уредува.
Портпаролката додаде дека разговорот бил многу интересен и дека е посветен на најактуелните прашања, кои сега загрижуваат многумина во Русија и Соединетите Американски Држави, како и во целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Забраната за влез на автомобили со…

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј…

Лавров држи лекции во Советот за безбедност

Сергеј Лавров во Советот за безбедност при…

Зеленски ги критикуваше Обединетите Нации и си…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска зборуваше во…

Зеленски и Лавров во иста просторијa

Се очекува денес на маргините на Генералното…

Лавров: Постои ризик други земји да бидат…

Постои опасност трети земји да бидат вовлечени…