Објавено на:

Зеленски ги критикуваше Обединетите Нации и си замина пред говорот на Лавров

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска зборуваше во Советот за безбедност на ОН, лице в лице со претставник на Русија која е постојаната членка на Советот.

Зеленски ја напушти салата на Советот за безбедност по неговиот говор и не остана за да го слушне излагањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Украина го користи своето право на самоодбрана. Помош на Украина со оружје, со воведување санкции и примена на сеопфатен притисок врз агресорот, како и со гласање за релевантните резолуции, би значело помагање во заштитата на Повелбата на ОН, рече Зеленски во својот говор.

Украинскиот претседател го почна своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН велејќи дека поминале 574 дена „болка, загуба и борба“ од руската инвазија на неговата земја. Русија уби најмалку десетици илјади Украинци и претвори милиони во бегалци, истакна тој.

Според него, „поголемиот дел од светот“ признава дека акциите на Русија во Украина се „криминални и неиспровоцирани“ и имаат за цел заземање украинска територија и ресурси. Тој рече дека е благодарен на сите земји кои ја признаа руската агресија како кршење на повелбата на ОН, но дека тоа „не промени ништо“ за Русија во ОН. Тој смета дека ОН се нашле „во ќорсокак по прашањето на агресијата“.

– Човештвото повеќе не ги полага своите надежи во ОН кога станува збор за одбрана на суверените граници на нациите, рече Зеленски.

Тој нагласи дека местото во Советот за безбедност, кое Русија го зазема незаконски, го зазеле „лажговците чија работа е да ја прикријат агресијата и геноцидот“ што Русија ги изврши во Украина.

Тој посочи дека сегашниот систем на ОН имплицира дека другите членки на ОН се помалку влијателни поради правото на вето на Русија. „Деновиве на Генералното собрание премногу често слушаме за глобална нееднаквост. Нееднаквоста ја споменуваат различни нации, и големи и мали. Токму таа нееднаквост ги прави ОН неефикасни“, рече тој.

– Знам дека ОН се способни за повеќе. Убеден сум дека Повелбата на ОН всушност може да функционира со цел мир и безбедност на глобално ниво. Меѓутоа, за да се случи ова, повеќегодишните дискусии и проекти за реформите на ОН мора да се претворат во одржлив процес на реформи на ОН, рече украинскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ги повикува амбасадорите и испраќа „силна…

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека…

Седницата на Советот за безбедност на ОН…

За денеска во 15 часот по њујоршко…

Русија бара седница на Советот за безбедност:…

Русија побара да се одржи седница на…

Руските претставници ја напуштија седницата на Генералното…

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја и…

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…