(Видео) Тетово како Бангладеш: Градот е претворен во депонија

t

Тетово се дави во ѓубре, се жалат тамошните жители кои на социјалните мрежи постојано споделуваат фотографии и видеа од градот кој полека заличува на депонија.

На видеото во продолжение можете да видите ѓувре расфрлано насекаде, а во описот на видеото стои „Ни во Бангладеш не е толку нечисто“.

Со презентација на камиони за собирање на отпад и нови контејнери на градскиот плоштад во Тетово пред две недели Општината го промовираше почетокот на јавното-приватно партнерство со словенечката компанија Заубермахер, со која пред неколку месеци потпиша договор за собирање и транспортирање на комуналниот смет во Тетово.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами тогаш истакна дека сите вработени во ЈКП Тетово кои биле ангажирани во Секторот „Комунална хигиена“ ќе ги преземе словенечката компанија, а сметот ќе се собира во сите села и населени места во рамките на општина Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Жена прегазена од комбе во Тетово, со…

Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…

Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…

Уште еден инцидент со прегазен пешак се…

(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово

Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…