(Видео) Тешка сообраќајна несреќа на Патот Битола – Прилеп: Цело семејство загина откако камион директно удри во нив

t

Три лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

До сообраќајната несреќа дошло при директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп. Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата бил примен околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на тројца прилепчани, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.

Неофицијално на камионот му пукнале неколку гуми по што возачот изгубил контрола и директно удрил во патничкиот автомобил.

Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат увид, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…