Објавено на:

(Видео) Трамп повторно го нападна Зеленски: Не почнуваш војна со некој 20 пати поголем од тебе

t

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно жестоко го нападна украинскиот лидер Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека е одговорен за војната против Русија.

– Не започнувате војна против некој 20 пати поголем од вас, а потоа се надеваш дека други ќе ти даде проектили за да војуваш – рече Трамп во Овалната соба, објави „ТВ Disclose“.

Трамп рече дека „војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден“, а не негова. Трамп објави и на својата социјална мрежа „Truth Social“.

„Штотуку ја презедов функцијата. Во текот на четирите години од мојот прв мандат, немав проблем да го спречам тоа да се случи. Претседателот Путин, но и сите останати, го почитуваа американскиот претседател. Немав никаква врска со оваа војна, но напорно работам за да ги запрам смртта и уништувањето“, објави Трамп.

„Претседателот Зеленски и искривениот Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа трагедија. Имаше толку многу начини да се спречи. Но, тоа е во минатото. Сега мораме да ја запреме војната и брзо. Тоа е толку тажно“, напиша Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…