(Видео) Трајановски: Граѓаните плаќаат за неодговорното работење на поранешни функционери, има “симултанка” меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

t

Во денешната епизода на МРЕЖА, заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски кој е и советник во втор мандат во Советот на Градот Скопје, истакна дека од случајот со “Скопски саем” губат само граѓаните на Скопје.

– Ако хронолошки ги видиме настаните, од објавувањето на веста дека сметката на градот е блокирана, слободно можеме да кажеме дека станува збор за симултанка од двете партии. Првата информација протече од кујната на ВМРО-ДПМНЕ и најголем дел од советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја споделија веста по социјалните мрежи и медиумите, за следниот ден “спротивниот табор” да ја соопшти истата вест, вели Трајановски кој смета дека двете партии делуваат заедно за да се наштети на угледот на Градот.

– Многу е лесно да ги разграничите работите кои ги нудат и кои ги бараат овие политички партии. Проблемот настанува кога веќе немаат влијание и власт, вели Трајановски.

Тој ја објаснува ситуацијата со Скопскиот саем.

– Не би сакал да посочувам точен виновник, но ако хронолошки ги поставиме работите како се одвивале на оваа локација граѓаните сами ќе дојдат до заклучок.

Во 2008 година градоначалник на Град Скопје е Трифун Костовски, дозволата за градба е добиена тогаш и комуналиите се уплатени тогаш, тогашниот закон не предвидува кога треба да се започне со градба, потоа се менува законот за градба во 2011 година.

И таа измена на законот не придонесува да мора да се изврши оваа наплата, средствата да бидат вратени, главниот проблем настанува со укинувањето на ДУП-от за Скопски саем и поништување на дозволата за градба за објектот за кој зборуваме. ДУП-от го поништува тогашниот градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски, објаснува Трајановски кој додава:

– Единствен губитник во овој процес се граѓаните на Скопје, можеби Шилегов требало да го земе предвид должничко-доверителскиот однос кој предизвикува проблеми сега, но тогаш во нивниот мандат беа позаинтересирани за собирање политички поени и затоа претпоставувам набрзина се одлучиле на ваков чекор за посериозен инвеститор на кој не би му требало многу време за реализација на трговскиот центар за кој сега знаеме дека постои.

Сите знаеме дека се вршеше притисок за отварање на овој трговски центар, за да се соберат политички поени пред локалните избори.

Оваа градска власт на чело со Данела Арсовска во една година од мандатот покажа дека имаме сериозен капацитет да се справиме со неправилностите и коруптивните практики кои владееле досега. Граѓаните тоа го гледаат и сметам дека поддршката од нив доаѓа пред се во однос на домаќинско трошење на нивните пари.

Во врска со судските инстанци не сметам дека треба да коментирам, наша должност е да ја задржиме кондицијата на реализација на проектите во градот, без разлика дали двата политички конгломерати кои се најбројни во Советот ќе ги поддржат истите. Граѓаните се повеќе од добро информирани, а седниците одат во живо, таму можат самите да се уверат кој навистина е заинтересиран за проблематиките на градот и граѓаните на Градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…