(Видео) Три хеликоптери, 100 припадници на АРМ и 30 припадници на МВР помагаат во гаснењето на пожарите

t

Два армиски хеликоптери, еден хеликоптер на МВР и пожарникарите на кои има помагаат 100 припарници на Армијата на Република Македонија и 30 припадници на МВР ги гаснат пожарите во Македонија, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

– На падините на планината Серта има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар а сега се одвоени. Општина Неготино во атарот на с.Калањево, Општина Конче, селата Горни и Долни Липовиќ, Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли, појасни Анелов кој истакна дека се очекува во секој момент во гаснењето да се вклучат и два ер-трактори на ДЗС.

Ангелов информираше и за пожар на планината Огражден.

Вчера Владата донесе одлука за прогласување на 30-дневна кризна состојба на целата територија на Македонија, по што претседателката Сиљановска ја ангажираше Армијата за помош во гаснењето на пожарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…