(Видео) Турција започна нова операција на северот на Сирија и Ирак – Погодени се 89 цели
Турското Министерство за одбрана соопшти дека уништило 89 цели за време на воздушната операција во северна Сирија и Ирак.
„Воздушната операција беше успешно изведена во областите Кандил, Асос, Хакурк во северен Ирак и областите Тел Рифат, Сисира и Дерик во северна Сирија, кои терористите ги користеа како бази за напади врз нашата земја. Во воздушната операција уништени се 89 мети, 81 во првата фаза и осум утринава – засолништа, бункери, пештери, тунели, магацини за муниција и т.н. терористички штабови и кампови за обука кои ја загрозуваат нашата земја, нашиот народ и безбедноста на нашите граници. „Многу терористи се неутрализирани“, се вели во соопштението на министерството за одбрана.
Фархад Шами, портпарол на курдските Сириски демократски сили (SDF), објави дека Турција го гаѓа пограничниот град Кобане во северна Сирија, кој е под контрола на курдските сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Иран крена црвено знаме над џамијата, еве…
ИРАН го крена црвеното знаме на одмазда…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…