(Видео) Уапсен активистот кој повика на протест поради трагедијата во Нови Сад

t

Активистот Никола Ристиќ, кој е еден од организаторите на денешниот протест пред старата Железничка станица, е приведен во Полициската станица Савски Венац.

Како што е објавено на Инстаграм страницата на неформалната група „Свиче“, Ристиќ од платото пред железничката станица на плоштадот Савски бил однесен од двајца полицајци во цивилна облека.

„Имам право на адвокат. Кажи ми каде одиме“, се слуша како Ристиќ ѝ вели на полицијата, а врз основа на снимката може да се заклучи дека тие првично одбиле да му кажат на која станица го носат – и зошто.

Сепак бил известен дека го носат во Полициската станица Савски Венац.

Инаку, Ристиќ е еден од организаторите на протестот кој денеска за 11:30 часот беше најавен на платото пред старата железничка станица во Белград поради трагедијата во Нови Сад во која поради падот на настрешницата загинаа 14 лица.

Тие во објава на социјалните мрежи истакнаа дека точно во 11.55 часот ќе бидат објавени сите информации за активностите на тој ден и планот што ќе се случува во наредните денови, како и барањето што мора да се исполни.

„Потоа тргнуваме во акција, за што треба да понесете црвена боја. Бојата може да биде во кеси, лименки, балони, кофи, компресори за боја или нешто слично. Боја ќе користиме“, се вели во соопштението.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Уапсен активистот кој повика на протест…

Активистот Никола Ристиќ, кој е еден од…

Вулин: Се чини дека САД не можат…

Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, рече дека…

Портпаролот на Стејт департментот: Косово и Србија…

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер рече…

Зеленски ги критикуваше САД: „Како протече тајниот…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека побарал…

Силен земјотрес во САД

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според…